За Нас

Историја на Бучен Козјак

Не секој почеток има и крај, постојат и оние кои што секогаш се вредни  сеќавање…

Да се потсетиме на нив, а при тоа да акумулираме енергија и да продолжиме понатаму уште посмело и поамбициозно. Еден таков почеток е основањето на компанијата Бучен Козјак уште во далечната 1983 година, од страна на сопружниците Г-дин Бранко Стојковски и Г-ѓа Стојка Стојковска. Почетоци скромни, но смели и исполнети со јасна визија што се сака, а тоа е:

„Да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи”.

Природниот вкус на производите е тоа што ја направи млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на “Бучен Козјак” зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат со успешена комбинација на традиционалното знаење и најновите технолошки трендови, а сето тоа спроведено во креативна работна атмосфера.

Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварување на поставените цели и се стреми кон усовршување на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.

Потврда на тоа се многубројните награди, признанија и благодарници од разновидни институции и независни агенции кои вршат анализа на пазарот.

ОСНОВАЧИ НА БУЧЕН КОЗЈАК

Стојка Стојковска

Стојка Стојковска

Бранко Стојковски

Бранко Стојковски

НАШАТА ВИЗИЈА И МИСИЈА

Мисија: Менаџментот и вработените настојуваат да произведуваат висококвалитетни млечни производи кои што ќе им овозможат на крајните кориснци да ги задоволат своите потреби, а при тоа да консумираат природни и на традиционален начин подготвени производи.

Визија: Тенденција за преструктурирање во компанија со докажани брендирани производи, кои што ќе им овозможат на потрошувачите здрав начин на исхрана.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

BSI-Assurance-Mark-ISO-9001-Red_145px
EXCELLENT
ANAB BSI_145px

Фотографии од Објект и Погон

Признанија

Бидете во тек со се што се случува во Бучен Козјак на нашиот Блог.