Млекарницата “Бучен Козјак“ во нов производствен погон

  • Capture
  • 2

31 Jul Млекарницата “Бучен Козјак“ во нов производствен погон

Една од најреномираните млекарници во државата “Бучен Козјак“ од Куманово, од денеска ќе работи во нов современ објект во индустриската зона во населбата Доброшане.
Црвена лента ја пресекоа сопствениците Снежана Станојковиќ и Слободан Стојковски, со што означија почетокот на една нова ера во нивното работење.
Генералниот извршен директор на компанијата Анита Спасовска, поздравувајќи ги гостите на свеченоста, го истакна развојниот пат на млекарницата, која од мал семеен бизнис прерасна во препознатлив бренд.

Она што основачите го поставиле како темел, всушност, претставува и мисија на претпријатијето. Менаџменот и вработените до ден денес настојуваат да произведуваат квалитетни млечни производи кои што ќе им овозможат на крајните корисници да конзумираат природни и на традиционален начин подготвени производи. Посветеноста во работата, почитувањето на законските одредби, следењето на секојдневните промени и тенденцијата кон сето ова се основни начела во нашето работење. Денеска сме тука да ги прославиме јубилејните 30 години постоење на македонскиот пазар и отварањето на новиот производен погон, - рече Спасовска.

Млекарницата “Бучен Козјак“ започнала со работа скромно со 10 литри млеко дневно, а со постојаниот растеж и развој се изгради во препознатлив бренд на македонскиот пазар.