Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

ani

24 Sep Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

Денар: Бучен Козјак е млекарница која е позиционирана како фамилијарна и традиционална. Во која развојна фаза се наоѓа сега млекарницата?

А: Бучен Козјак постои 35 години на пазарот и од моменот на своето постоење па до денес ги има задржано своите клучни вредности: квалитет, традиција, фамилијарност и постојаност. Последните години, млекарницата ја надгради својата мисија со уште една вредност а тоа е иновациската култура која веќе прерасна во природна појава во Бучен Козјак. Ова води кон одговорот на прашањато, а тоа е дека Бучен Козјак се наоѓа во една стабилна и зрела фаза во која значителен дел од своите ресурси ги вложува во одржување на висок квалитет и иновации. Динамиката на времето во кое работиме и потребата за врвен квалитет на која се навикнати нашите потрошувачи ја наметнува иновацијата како неразделен дел од работењето и сето тоа ни дава дополнителен поттик да стремиме кон подобри резултати.

anita

Денар: Кои промени во Млекарницата ја наметнаа потребата за овој радикален редизајн на производите и корпоративниот идентитет?

А: Сет од внатрешни и надворешни фактори, но и подготвеноста на менаџмент тимот ја созреаа идејата за редизајн на корпоративниот бренд и продуктите. Тука се и зрелоста на компанијата како фактор, сигурноста на пазарната позиција, години инвестиции во издржан и постојан квалитет, одговорноста кон купувачите и нивните потреби за висок квлаитет и одличен вкус, но и општата динамика и промена на генерации.  Последното, промената на генерации, како фактор го адресираме од аспект на нешто што допрва ќе дојде, но она што е извесно е дека младите генерации се носители на комплексни сетилни барања поврзани со автентичност и јаснотија. Оттука и се наметна потребата да надворешниот дизајн биде целосно синхронизиран со квалитетот и вкусот на производот, односно естетиката и вкусот да добијат знак на еднаквост. Токму тоа ја наметна потребата од овој храбар редизајн.

Денар: Колку време се работеше на овој проект?

А: Цела година, постепено со експертски внатрешен и надворешен тим на кој сум бескрајно горда….Следат уште редизајните на тврдиот програм и уште нешто за што ќе зборуваме за неколку месеци.

aac-8_new

Денар: Која порака ја праќате со редизајнот до купувачите?

А: свесни сме дека домашните компании не се склони кон чести промени, а тука секако спаѓаме и ние. На овој проект се одлучивме крајно претпазливо, започнувајќи од истражување, конслутации и стратешки планови. Бучен Козјак е соврешен спој на модерна технологија базирана на визионерски поглед кон блиската иднина и  традиционалност и фамилијарност во основата на своите вредности. Пораката на овој проект е дека храбро и одржливо растеме, силно сме посветени на развој и квалитетот останува наша ултимативна цел. Свесни сме дека дизајнот е флексибилна категорија и секоја нова генерација носи нови преференции, а ние сакаме да ги адресираме истите…

Редизајнот на Бучен Козјак не е само промена на изгледот и дизајнот на производите, туку многу повеќе од тоа. Овој редизајн претставува нов концепт на проактивно размислување и делување на млекарницата, подготвеност за иновации и поинаква динамика.

Денар: Дизајнот е минималистички, чист и многу нетипичен за шаренилото на полиците на кои сме навикнати. Што потенцирате со ова диференцирање?

А: Во глобала оваа промена е метафора за нашата подготвеност за промени, храброст и иновации. Да се биде производител денес во ова динамично време, пред се значи да се биде иноватор. Попрецино, главниот мотив во новото корпоративно лого е зелента детелинка со четири листа ја симболизира среќата и успехот на Бучен Козјак односно фамилијарноста.

Поединечно секој лист од детелината претставува “срце” што пак е  симбол за љубов со кога создававме квалитет.

Срцето и детелината се централните елементи во дизајнот на сите новите амбалажи на производите.

aac-8_new_1

Денар: Дали имате најави за следни промени и иновации во моментов?

А: Работиме на лансирање на нов производ, на ребрендирање на тврдиот програм, на освежување на комуникациската стратегија и на развој на нови технологии.