Сурутка
Сурутката е пијалок добиен од млеко богат со млечен шеќер, витамини, минерали кои даваат енергија на нашиот организам и го балансираат тонусот на клетките. Од друга страна суруткините протеини се најпогодни за исхрана на спортисти, деца, бремени жени и доилки поради нивниот хемиски состав кој највеќе одговара за градба на мускулно ткиво. Исто така лекарите ја препорачуваат свежа за пиење поради ревитализирачкото дејство врз црниот дроб.