Ајран
Ајранот се произведува по традиционална технологија за јогурт со додаток на солен раствор. Тоа е производ со намалени млечни масти, идеален млечен пијалок кој за време на топлите денови ќе Ве освежи, кој со својот исполнет вкус и малото количество сол ќе Ве рехидрира и ревитализира.
Кисело Млечни Производи
Со својата долгогодишна традиција, препознатлив вкус и проверен квалитет,млекарница Бучен Козјак претставува синоним за производство на кисело млечни производи. Од својот почеток во осумдесеттите па се до ден денес млекарница Бучен Козјак е препознатлива по своите кисело млечни производи како што се: Кравјо кисело млеко, Овчо кисело млеко и Јогурт.