Овчо кисело млеко
Овчото кисело млеко произведено на традиционален начин претставува еден од најпосакуваните производи кој со својата конзистенција и препознатлив вкус ќе Ве остави без зборови, а со својата енергетска и хранлива вредност ќе Ве направи посилни.
Кисело Млечни Производи
Со својата долгогодишна традиција, препознатлив вкус и проверен квалитет,млекарница Бучен Козјак претставува синоним за производство на кисело млечни производи. Од својот почеток во осумдесеттите па се до ден денес млекарница Бучен Козјак е препознатлива по своите кисело млечни производи како што се: Кравјо кисело млеко, Овчо кисело млеко и Јогурт.