ДЕЦАТА САКААТ ДА СПОРТУВААТ

3

06 Sep ДЕЦАТА САКААТ ДА СПОРТУВААТ

Промовираме здрави навики за здрави генерации со пробиотскиот јогурт на Бучен Козјак!

Млекара Бучен Козјак беше дел од ТРКАТА НА РАДОСТА во која учество зедоа повеќе стотици дечиња од Битола и од Скопје и го најавија почетокот на новата учебна година. Шеталиштето во Битола и во Градскиот парк (Школка) во Скопје, беа исполнети со детски џагор и многу радости.

Голем придонес за енергичниот почеток на учебната година даде млекара „Бучен Козјак“ со новиот производ, пробиотскиот јогурт на Бучен Козјак.

Промовираме здрав начин на живот, со здрав млечен производ, супер храна за секој ученик. 

Ваквите трки се посебен вид забава за децата. Придобивките не се мерат со часовник, ни со наградниот фонд, туку според чувството на задоволство, вештините  кои се стекнуваат, како и универзалните  човечки вредности –  пријателство, истрајност, заемна поддршка, фер-плеј, почит на личноста.Кога на сето ова ќе се додаде хуманата нота, тогаш оваа детска трка го заслужува името „Трка на радоста

Трката беше  наменета за првачињата (трчаа на 200м.),  а  учествуваа и  децата од 7 до 12 години (трчаа на 500м.)

За време на целиот настан, децата  беа во сигурни раце, имаа можност да научат повеќе за спортот, пред трките добиваа инструкции за вежби за загревање од професори и спортски работници од Спортската Академија во Битола и од Триатлон  Клубот Triogy Racing Mkd . Благодарност и до Црвен Крст Битола

Децата го препознаа добриот млечен производ, поради Пробиотскиот јогурт тие се навраќаа на штандот од Бучен Козјак и по втор пат.

Со детската трка, децата радосно  влегоа во новото животно поглавје, а со самото учество усреќуваат и свои врсници од загрозени семејства, зашто  средствата што  се собраа за учество на трката се  донираат преку здружението Проект Среќа.

ГАЛЕРИЈА – Види повеќе