Да се потсетиме на нив, а при тоа да акумулираме енергија и да продолжиме понатаму уште посмело и поамбициозно. Еден таков почеток е основањето на компанијата Бучен Козјак уште во далечната 1983 година, од страна на сопружниците Бранко Стојковски и Стојка Стојковска. Почетоците скромни, но смели и исполнети со јасна визија што се сека, а тоа е:
Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на „Бучен Козјак“ зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат во креативна работна атмосфера.
Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварувањето на поставените цели и се стреми кон усовршувањето на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.
Потврда на тоа се многубројните награди, признанија и благодарници од разновидни институции и независни агенции кои вршат анализа на пазорот.
Мисија: Менаџментот и вработените настојуваат да произведуваат висококвалитетни млечни производи кои што ќе им овозможат на крајните корисници да ги задоволат своите потреби, а при тоа да консумираат природни и на традиционален начин подготвени производи.
Визија: Тенденција за преструктурирање во компанија со докажани брендирани производи, кои што ќе овозможат на потрошувачите здрав начин на исхрана.