Инвестиција на Бучен Козјак за Поквалитетно Млеко

Инвестиција на Бучен Козјак за Поквалитетно Млеко

Почитувани,

повеќе од очигледно е дека Бучен Козјак го сака своето млеко, нашето млеко и Вашето млеко.

Инвестиравме во нашата компанија, долго време позната, синоним за квалитетни млечни производи, и уште како се ја имате наречено, нашата млекара Бучен Козјак.

Инвестијата е сочинета од 10 нови лактофризери, таканаречени складови за свежо млеко.

Истите тие лактофризери ќе бидат распределени кај нашите кооперанти, и нивната намена е свежото млеко скоро измолзено од добитокот да се складира во лактофризерот, кој пак е подесен на соодветна температура и го чува млекото здраво поготово во летниот временски период, додека не пристигне нашиот превозник на свежото млекото и го донесе во производствениот погон на млекара Бучен Козјак.

Така свежото млеко на Бучен Козјак уште при самото доаѓање на овој свет, преку вимето на добитокот, останува здраво, згрижено и квалитетно на подолг временски период.

Следете ја детелинката на Бучен Козјак, секогаш носи радост, здравје и среќа.

До следно наше видување…. и пиење