Производите на „Бучен Козјак“ се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија

pedijatri

09 May Производите на „Бучен Козјак“ се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија

Здружението на педијатри на Македонија, врз основа на спроведени сопствени истражувања, донесе одлука да го додели знакот “Препорачано од Здружението на педијатри на Македонија“ на компанијата  „Бучен Козјак“.

“Ова е уште една потврда на нашите напори кои како компанија ги вложуваме во постојано подобрување и одржување на високото ниво на квалитет на нашите производи. Секако, најмладата генерација е наш верен потрошувач и добивањето на потврда за висиокиот квалитет и безбедност за консумирање од страна на Здружението на педијатри многу ни значи“, изјави по овој повод Анита Спасовска, генерален директор на компанијата „Бучен Козјак“ од Куманово.

Компанијата специјализирана за млечни производи успешно работи 35 години на пазарот, постојано водејќи се од своите клучни вредности: квалитет, традиција, фамилијарност и постојаност.

Од неодамна целосно ja редизајнираа течната програма (јогуртот, киселите млека, свежото млеко, ајран), a новиот визуелен идентитет е целосно синхронизиран со квалитетот и вкусот на производите. Најново во новиот дизајн на „Бучен Козјак“ е и значката „Препорачано од Здружението на педијатри на Македонија“.

pecat logo