млекара „Бучен Козјак“ – 40 години млечна традиција и експанзија на македонскиот пазар

Почитувани,

наши драги вработени, наши драги соработници, наши драги потрошувачи, сите кои бевте присутни на прославата на 40 годишнината од постоењето на млекара „Бучен Козјак“ и сите Вие кои сте дел од нас, сега во овој момент сакаме да Ви се заблагодариме најпрвин за верноста, почитта и благодарноста, бидејќи „Бучен Козјак“ постои поради Вас и за сите Вас и ќе продолжиме да постоиме уште долго, но со ист традиционален квалитет на млечни производи, кои ни претставуваат дел од нашата традиционална храна во Македонија и пошироко.

Огромна чест ни претставува присуството на човекот кој прв беше верен од млеко-добавувачите и кој се пензионира во „Бучен Козјак“ кој секојдневно добавуваше сирово млеко и својата верност ја покажа и сега, Г-дин Велимир се ракува со Г-ѓа Снежана сопственик на „Бучен Козјак“.

Како и сите Вие други, некои веќе ја покажавте својата верност кон нас и Вие кои сеуште со труд, хармоничност и љубов работиме заедно.

Нашата љубов и желба продолжува во создавањето на млечните производи и се надеваме на уште поуспешна работа, соработка и на крај на денот пријателство со сите Вас.

Во прилог погледнете уште неколку моменти од настанот на кои е видно присутна радоста и пријателство.

Г-дин Слободан сопственик на „Бучен Козјак“ со свои зборови објаснува што се случува кога сите заедно и верно работиме со иста цел, неизбежен е патот кон висината.

За на крај сакаме да ги издвоиме и љуѓето без кои забавата не можеше да започне, кои беа верни за создавањето на пријатна и забавна атмосвера, музичка група „Libero Band“ на кои им се придружуваше и веќе познатата пејачка во Македонија и пошироко „Мартија Станојковиќ“.

Со почит,

Ваш верен добавувач за традиционална исхрана „Бучен Козјак“.