
03 Nov Др. Азис Бајрами: Млечните производи играат клучна улога во зајакнување на имунитетот
Во време на вируси и инфекции, кога нашиот имунитет паѓа и е слаб имавме можност да поразговараме со доктор Азис Бајрами специјалист инфектолог во кумановската болница.
Која е важност на пробиотскиот јогурт кога станува збор за инфектолошките заболувања?
Одржување на една хомеостаза во организмот е едноставно најголем благодет за него. Всушност пробиотскиот јогурт ни помага да ја одржиме таа хомеостаза во организмот на едно задоволително ниво затоа што се внесуваат поголема количина на здрави бактерии, подобро го регулира варењето, делува позитивно во запирање на дијареата.
Најновите студии кажуваат дека имуниот систем се потикнува од цревата, па така здрави црева означуваат подобар имунитет, а со тоа и подобар одговор кон потенцијални патогени.

Дали млечни производи играат клучна улога во зајакнување на имунитетот?
Млечните производи влијаат и имаат клучна улога во зајакнување на имунитетот и самата употреба на млечните производи има имунолошки бенефит врз човечкиот организам.
Од самиот старт употребувајќи го мајчиното млеко влијае врз правилен раст и развој на детето, а исто така делува позитивно врз коскеното ткиво.
Не смееме да ја заборавиме улогата на Д витаминот кој е главен нутритиенти за нашиот имунитет, а игра клучна улога и прави заштита од разни бактерии и вируси.
Кои битни минерали ги наоѓаме во млечните производи?
Благодарение на млечните производи внесуваме два многу битни минерали и тоа калциум и цинк кои се битни во целиот процес на создавање и јакнење на имунитетот.
Млекото е извор на здравје, несомнено е дека секојдневната консумација ни е и те како битна и потребна.

Кои се препораки и на кој начин истите да се конзумираат кога имаме вирусни инфекции?
Кога имаме вирусни инфекции препораките е да се внесуваат во нешто поголеми потребни количини за организмот, за да му погнеме за да полесно се избори против вирусите и бактериите.