Јогурт – На некои им ги вадат маста!

Јогурт – На некои им ги вадат маста!

Консумирањето здрава храна донесува подобри резултати од броењето калории. Лицата кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми треба да консумираат здрава храна, а не да ги бројат внесените калории, односно секојдневната исхрана богата со здрaви производи носи долготраен губиток на килограмите.

Нутриционистите проучувајќи 120.000 лица откриле дека на дополнителното губење на килограмите (особено кај жените), влијае консумирањето јогурт, јаткасти плодови (ореви, бадеми и лешници), овошје, производи од цело зрно и зеленчук.

Посебно корисна се покажала комбинацијата на јогурт и јаткасти плодови, која за разлика од овошјето и зеленчукот, има позначаен ефект на губењето килограми бидејќи овозможува чувство на ситост. Јогуртот дава доволно белковини, витамин Б12, калциум, цинк и останати хранливи материи, кои тешко можат да се најдат во друг вид храна на едно место.