Млекарницата Бучен Козјак е добитник на медалот ICERTIAS Customer’s Friend!

Млекарницата Бучен Козјак е добитник на медалот ICERTIAS Customer’s Friend!

Бучен Козјак- сега и потврден пријател на купувачите!
Со особена гордост Ви соопштуваме дека млекарницата Бучен Козјак е добитник на медалот ICERTIAS Customer’s Friend!
Бучен Козјак е добитник на престижното признание ICERTIAS Customer’ s Friend врз основа на спроведено квалитативно секундарно истражување од страна на меѓународната организација ICERTIAS. Во фокусот на истражувањето беше репутацијата на компанијата на пазарот на Македонија, социјалниот став на компанијата кон заедницата и општеството во целина, природното окружување и вработените, корисничкото искуство (преку физички или дигитален контакт); и финално – мерење на нивото на доверба, т.е. перцепцијата и мислењето на јавноста и потрошувачите за иднината на компанијата.
Со тоа Бучен Козјак го потврди својот статус на пазарот кој го негува веќе со години, како компанија која пружа беспрекорна услуга на своите купувачи, деловни партнери и вработени.