15 Jun Јогуртот и непријатниот здив од устата
Ефикасно средство против непријатниот мирис од устата се две чаши јогурт дневно.
Неодамнешните истражувања на американските научници покажале дека активните состојки на јогуртот ефикасно ги уништуваат причинителите на непријатниот мирис од устата.
После само две недели пиење јогурт, во наслагите во устата на доброволците дошло до значително намалување на бројот на бактериите кои предизвикуваат непријатен здив, како и до намалување на хидроген сулфатот, главен кривец за непријатниот здив од устата. Ова намалување е околу 80% и тоа е постигнато со само 2 до 3 децилитри јогурт дневно.
Покрај тоа, јогуртот довел и до намалување на вкупните наслаги во устата, како и до подобрување кај оние лица кои пателе од гингивит (воспаление на гингивите).