Што означува новиот бренд идентитет на Бучен Козјак?

Логото како еден од примарнините елементи на визуелниот идентитет

претставува првиот контакт на запознавање, перцепција и креирање свесност во релација конзумент-бренд.

Бучен Козјак е млекарница која има полни 35 години, а во основата на својата неколку декадна позиција ги обединува фамилијарноста, традицијата и квалитетот како основни вредности. Но, Бучен Козјак во последните години вложи значителни ресурси и во иновации, се со цел задржување на врвниот квалитет.

Па оттука и потребата, овие проемни да се усогласат со естетиката на логото на копманијата и дизајнот на амбалажите на производите.

Логото на Бучен Козјак што до скоро се користеше со препознатливата кружна форма и серифна типографија, која ја прати линијат на логото со кириличен и латиничен испис, присутен е повеќе од три децении на пазарот. Во оваа композиција се приклучуваат и уште четири други елементи: година на основање, иницијални букви на основачите, кои се впишани во детелинка со кружна форма. И последниот елемент е буквата “Б” иницијалот на брендот, централно поставен.

Ваквиот тип на логоа е карактеристичен за тој период кога е е основана компанијата.

Предизвикот за ребрендирање во делот на визуелниот идентитет, односно креирање на ново лого за компанија со долгогодишна традиција претставува храбар потфат.

Целта на ребрендингот е да се задржат сите елементи но да се раскаже на визуелен јазик кој ќе функционира на сегашните дизајнерски трендови.

Главниот мотив во новото лого е зелента детелинка која го завзема централниот дел на логото односно на местот на буквата “Б”.

Детелинката со четири листа ја симболизира среќата и успехот на Бучен Козјак (фамилијарниот бизнис). Дизајнирана е во зрачна асиметрија со четири листа.

Поединечно секој лист претставува “срце”, симбол за љубов и посветеност кон професионалниот пристап и контиунираниот квалитет. Срцето освен што се појавува как секундарен елемент во детелинката, овој симбол е носечки елемент кој е акцентиран на амбалажите од течната линија продукти.

Типографијата на исписот “Бучен Козјак” повторно е со серифен фонт но со модерен стилизиран пристап, многу помасивен за разлика од предходниот.

Поставеноста на исписот е во вертикална композиција со цел да се добие јасна видлива перцепција.

Обраќајќи се директно на постојните купувачи, но и на новите генерации, “Бучен Козјак” со ребрендирањето гласно и прецизно порачува: – Остануваме свои, работиме од срце, во ритам со сегашноста, сосема подготвени за иднината.