Пиењето на јогурт секој ден ве заштитува од дијабетес

Јогуртот претставува вистинска ризница на протеини, витамини, минерали и одличен извор на калциум, со еден збор тој е извонреден киселомлечен пијалок кој со секојдневно консумирање ги задоволува потребите од здрава храна.

Кај дијабетес тип 2, телото не произведува доволно инсулин или клетките во телото развиваат отпорност на инсулин, притоа нивото на шеќер во крвта се покачува.

Во текот на првата студија, имало околу 15.000 случаи на дијабетес тип 2. Кога статистички ги обработиле вкупниот внес на млечни производи не е пронајдено никакво влијание врз ризикот од дијабетес. Меѓутоа, кога бил изолиран јогурт самостојно, откриена е корелација дека со консумирање на јогурт еднаш дневно го намалува ризикот за околу 17 проценти.