Пристигна “Порака Наша“ до сите нас!

Во пресрет на Божиќните и новогодишните празници Бучен Козјак, донираше новогодишни пакетчиња на Дневен Центар за лица со посебни потреби Куманово и Здружение Регионален Центар за лица со интелектуална попреченост Порака Наша.

Традиција за донирање на новогодишни пакетчиња и разубавување на новогодишните моменти онаму каде што е најпотребно продолжува.

Бучен Козјак е секогаш тука за сите, празничниот период е време кога треба да си помогнеме меѓусебе и да си подадеме рака. Ние како општествено одговорна компанија ќе ја продолжиме својата мисија да помагаме онаму каде што е најпотребно.