Мешано сирење
Мешаното сирење претставува прекрасен прехранбен производ, се добива со мешање на кравјото и овчото млеко поради што се одликува со карактеристичен мирис и вкус.
Сирењето е изработено по традиционален домашен рецепт кој со својата сензорна и нутритивна вредност претставува незаменлив дел од традиционалната македонска кујна како додаток на различни салати, јадења и специјалитети.
Сирење и кашкавал
Овчо и кравјо сирење со својата нутритивна и биолошка вредност претставуваат незаменлив дел од традиционалната исхрана на овие простори со векови. Се изработуваат од пастеризирано кравјо или овчо млеко со додаток на стартер култура, сирило.