Овчо бело сирење
Овчо бело сирење се одликува со карактеристичен мирис, вкус и конзистенција.
Сирењето е изработено по традиционален домашен рецепт кој со својата сензорна и нутритивна вредност претставува незаменлив дел од традиционалната македонска кујна како додаток на различни салати, јадења и специјалитети.
Сирење и кашкавал
Овчо и кравјо сирење со својата нутритивна и биолошка вредност претставуваат незаменлив дел од традиционалната исхрана на овие простори со векови. Се изработуваат од пастеризирано кравјо или овчо млеко со додаток на стартер култура, сирило.