Рецепт за Мухалебија со свежо млеко од Бучен Козјак

muhalebija

23 May Рецепт за Мухалебија со свежо млеко од Бучен Козјак

Потребни состојки:muhalebija

1 л свежо млеко од Бучен Козјак
30 г кокосово брашно
100 г путер
6 лажици пченичен гриз
250 г шеќер
1 ванилин шеќер

 

Во тенџере на оган растопете го путерот, додадете го гризот и мешајте околу 1 минута. Налејте го млекото и продолжете со мешање. Потоа додадете го ванилиниот шеќер и варете додека се згусне смесата.
Во добиената смеса додадете го кокосовото брашно, промешајте и варете уште 3-4 минути.
Десертот ставете го во десертни чаши и почекајте да се излади. По желба украсете со кокосово брашно, мелени ореви, цимет или сезонско овошје по вкус.

Добар апетит!